ЗОИ Пјончганг: Ја изведоа „Спиралата на смртта“ и ги оставија сите без здив (видео)
Риом Тае-Ок и Ким Џу-Сик се младиот пар на двојки од Северна Кореја, кои на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг предизвикаа бурни реакции и се прославија на веб-страниците.
Нивниот прв олимписки настап ја „наелектризира“ публиката, танцувајќи со инструменталната обработка на песната „A Day in the Life“ и забележаа личен рекорд со вкупен резултат од 69,40. По нивниот настап, севернокорејските навивачи паднаа во транс, а слатката двојка го освои второто место на табелата.
Додека арената се тресеше од аплаузи, самодовербата на двојката, коментаторите ја препишуваат на бронзениот медал што го освои на Шампионатот на четирите континенти на уметничко лизгање, кој се одржа минатиот месец во Тајван. И покрај тоа што Риом и Ким се омилени спортисти во нивната родна Северна Кореја, тие, исто така, ја одушевија публиката со клучното движење, спектакуларната „спирала на смртта“.
Нивниот канадски тренер, Бруно Марко, чија сестра Џули ја смисли кореографијата за ЗОИ, вели дека двојката има извонредно движење, елегантно и класично и дека нивната синхронизација и експресивност се најсилната точка за кај публиката да разбуди „неверојатни емоции“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа