Вардар рутински го реши Целје во „Јане Сандаски“

 

Најдобриот македонски ракометен состав Вардар рутински ја одработи задачата и предизвикот Целје кој денеска го имаше во натпревар од 14. рунда во СЕХА лигата.

„Црвено-црните“ имаа убедливо прво полувреме (20-10) со кое си го трасираа патот до 13 победа во ова натпреварување. Во триумфот од 35-27 одличен беше голманот Страхиња Милиќ со 14 одбрани, 7 голови даде Тимур Дибиров, а 6 од 6 имаше нашиот репрезентативец Мартин Поповски.

Борут Мачковшек на спротивната страна играше сам и даде 11 голови од 15 обиди.

Следниот натпревар за „црвено-црните“ во ова натпреварување е на 27 февруари против ППД Загреб.

 

 

 

13.02.2018 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега