Повторно збесна пожарот во Чашка

На територија на општина Чашка реактивиран е пожарот, кој во текот на вчерашниот ден беше локализиран.

На барање на градоначалникот на општина Чашка, Дирекцијата за заштита и спасување за кратко време ќе активира два противпожарни авиона „Ер трактор“  за локализирање на пожарот.

Од ДЗС информираат дека други активни пожари на територија на Република Македонија во моментот нема. 

04.09.2013 - 12:02

најчитано сега