Денеска продолжува доказната постапка за масакрот кај Смиљковци

Денеска продолжува судската постапка против шестемината обвинети за случајот „Монструм“.

Последниот осомничен, кој беше уапсен минатата недела, Сами Љута денеска нема да се појави во Кривичниот суд. Љута е во притвор поради сомнение дека тој бил стражарот за време на петкратното убиство на Смиљковското езеро, лани на 12. април. Откако ќе заврши истражната постапка за Љута, обвинителството ќе реши дали неговиот случај ќе го спои со „Монструм“ или ќе се води посебна постапка. ВО судот денеска нема да се појават ниту првообвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, бидејќи тие во Косово издржуваат затворска казна за нелегално поседување оружје.

Денеска пред судот ќе се обратат мајката на Сејди Рами, кој е обвинет дека бил организатор на бегството на Демири и Исмаиловиќ.

Пред летните одмори, пред судот сведочеа ваштаци од Одделот за балистика на МВР, според кои, еден од автоматите употребени во масакрот кај Смилковци, одговара на оружјето употребено пред 4 години, во вооружен напад на фарма во Белимбегово. За инцидентот на фармата се води судски спор во Основниот суд Скопје 1, против обвинетиот во „Монструм“ Фејзи Азири.

 

04.09.2013 - 10:59

најчитано сега