Се реконструираат тротоарите низ Дебар

 Во рамки на зацртаните активности на локалната власт во тек е реконструкција на тротоарите на главните собраќајници во градот.

Станува збор за рекострукција и уредување на тротоарите по улицата „Вељко Влаховиќ“ од  зградата на Основниот суд до ОУ„Братство единство“ или 1.350 квадратни метри, и тротоарите на улицата „Атанас Илиќ“ од зградата на судот до Општата болница, површина од 950 квадратни метри.

- Уредувањето на тротоарите е потреба на времето.Во рамки на овој проект ќе се постави и атмосферска канализација, прецизно ќе се трасираат тротоарите па после тоа ќе се постават бехатон плочки, како и други финални работи. Целата инвестиција вреди 40 илјади евра, вели градоначалникот Ружди Љата.

Според него,претходно направено е трасирање на патот од кај поранешниот Земјоделски комбинат „Прогрес“ се до патот кој води до Дебарско Езеро, попознат како „Патот за Удово“.

Во текот на јуни и јули поплочени и асфалтирани беа  8.000 квадратни метри улици главно во периферијата на градот,каде што до сега жителите газеа во кал и прашина.

- Наша цел е Дебар да добие современ изглед, според еворпксите стандрарди. Максимално работите иако има уште многу да се направи, вели Љата.

04.09.2013 - 08:59
Фото: 
региони.мк

најчитано сега