Џеки Чен го носеше олимпискиот факел, а при тоа и добро се забавуваше (видео)

 

Домаќинот на Зимските Олимписки Игри 2018, градот Пјонгчанг во Јужна Кореја, се покажува во вистинско светло.

Денеска во пресрет на свеченото отворање, како претходница на тој настан е носењето на факелот, од страна на познати личности, меѓу кои спортисти, актери и уметници.

Токму таква улога добил и холивудската и хонгконгшка ѕвезда Џеки Чен, кој самиот побарал да биде вклучен при носењето на олимпискиот факел кон стадионот. Инаку Чен е многу популарен во оваа држава и ужива големи симпатии од страна на јужнокорејскиот народ.

На снимката може да се види колку е весел и како игра и се забавува.

 

 

 

09.02.2018 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега