Швајцарска скијачка го пропушта првиот настап на ЗОИ, поради тешка повреда

 

Швајцарската скијачка Мелани Мејард ќе ги пропушти Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако ги скина лигаментите на левото колено за време на тренингот во велеслалом.

Мејард, која се смета за една од најголемите ривалки на Американката Михаела Шифрин, в петок се враќа во Швајцарија за да се подготви за операција.

За деветнаесетгодишната скијачка ова требаше да биде прв настап на зимски олимписки игри, а во Пјонгчанг  дојде како шестопласирана во слалом на Светскиот куп.

 

 

 

09.02.2018 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега