Пред финалето на Суперболот: Трагедија во Америка, загина голема ѕвезда

 

Се прослави во таборот Филаделфија после победата во финалето над Њу Ингланд и освоената прва титула во историјата на неговиот клуб.

Играчот на Индијанаполис Колтс Едвин Џексон на 26-годишна возраст загина во сообраќајна несреќа еден час пред почетокот на 52.Супербоул кој заврши со победа на Филаделфија Иглс. Покрај Џексон во несреќата загинал и уште еден маж на возраст од 54 години.

Како што објавија американските медиуми, тие двајца стоеле покрај автомобилот кога во нив влетал друг автомобил и ги усмртил. Полицијата на местото на несреќата упасила 37-годишениот Алекс Кабрера Гонзалес кој немал возачка дозвола и бил под дејство на алкохол.

„Сите сме скршени од тага…Едвин го сакавме сите во оваа франшиза, го сакавме неовиот натпреварувачки дух“, порачаа од клубот.

Џексон е роден на 19.декември 1991 година, а во Индијанаполис пристигна во 2015 година.

Tragedija

 

 

 

05.02.2018 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега