Штербик открива зошто ја напушти српската репрезентација

 

Херојот на шпанската ракометна репрезентација Арпад Штербик, во интервју за српски Телеграф говорел за причините поради кои ја напуштил српската репрезентација за која настапуваше до 2006 година.

– Па, знам дека многу жалат што не бранам за Србија, што е и како е. Некако ја загубив желбата, а кога тоа ќе се случи кај некој играч, подобро е да си замине. За репрезентацијата секогаш се игра со срце и се дава максимумот. Пред сè, поради случувањата кои настанаа, ми беше тешко. Започнав во репрезентацијата во 1997 година, а тогаш беше добро, но подоцна работите започна да одат на полошо и полошо, беа зборовите на Штербик пред десетина години.

Тој беше првиот ракометар кој јавно зборуваше за понудата да им се препушти натпреварот на Хрватите во последното коло од главната фаза на ЕП во Швајцарија 2006 година. Причината беа шансите, кои Србија ги немаше, а нивните соседи ги имаа и за тоа им беа потребни бодовите од тој меч.

– Селекторот Вујовиќ на ручек ни кажа дека ние се наоѓаме во таква ситуација во која би можеле да им ја препуштиме победата на Хрватите, и да очекуваме тие да ни вратат на ист начин на некое друго првенство. Пред самиот натпревар во соблекувалната се појавија и Мичовиќ и Радојичиќ и го побараа истото од нас. Ги погледнавме и нив и го побаравме Вујовиќ. Одговорија дека се наоѓа пред соблекувална, дека му е незгодно да влезе и дека тој ја чека, како и Хрватите, нашата одлука, изјави голманот за српските медиуми.

Прв кој се спротиставил на оваа понуда бил Жикица Милосављевиќ, кој потврдил дека претходната година на СП во Тунис одиграл еден таков меч за обложувалница и дека никогаш повеќе нема да го направи истото.

– Потоа станав и јас. Им реков нека не победат и со десет разлика, но јас нема да го направам тоа. Не би ја продал средбата на мојата мајка, а не пак на Хрватите. Ако Вујовиќ сака да ја води екипата, нека седне на клупа, ако не, воопшто не ни треба. Поради оваа ситуација плачевме јас, Дејан Периќ и Дени Анџелковиќ. Душата ме болеше, ја објасни Арпад ситуацијата во соблекувалната пред натпреварот со Хрватска.

 

 

 

02.02.2018 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега