Вујовиќ во свој стил: Да се биде тренер на Србија е казна
Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ во моментов е поврзан и како можен селектор на Хрватска, а има и такви коишто го поврзуваат и со клупата на Србија, за која самиот вели дека би била повеќе казна отколку чест - пишува Ракомет24
„Да се стане селектор на Србија е повеќе казна отколку што е чест и привилегија. Би дошол во нешто толку намачкано со кал што не може ништо да го испере. Немама цел, немаме стратегија, немаме доверба. Во рекометот немаме никој за кого можеме да се врземе и да кажеме дека тоа е личноста која ќе не повлече и ќе го донесе вистинското. Дојдовме во ситуација од која не гледам излез“, изјавува Вујовиќ за медиумите во Хрватска.
Тој смета дека главниот проблем во Србија е во огромното его.
„Со години се обидуваме да ги најдеме проблемите на ракометот во Србија. Тоа не е еден проблем. Ги има многу. Голем проблем е егото кое сите ние го имаме, па не успеавме да станеме сложна група која би можела да смени нешто“.
Инаку, има една друга причина поради која никогаш повеќе нема да прифати да седне на клупата на клупата на репрезентацијата на Србија.
„Бев сменет затоа што ме обвинија дека сум сакал да го продадам натпреварот против Хрватска. Потрошен сум за ова подрачје. Моето враќање не би донело ништо добро на никого. Мене ми е ужасно тешко. Жал ми е поради тоа и ме боли, но така е“, коментираше Вујо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа