И новиот тренер на Вардар ќе биде Шпанец - Дејвис останува помошник

 

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Раул Гонзалез на крајот од сезоната си заминува во ПСЖ, а Давид Дејвис и понатаму ќе ја има улогата на помошник во македонскиот клуб. Но, според пишувањето на порталот “24 ракомет.мк” и новиот тренер ќе биде Шпанец.

Новиот тренер на Вардар веќе и е добро познат на македонската јавност. Станува збор за Роберто Гарсија Парондо, кој моментно и е помошник на Ирина Дибирова во женската екипа на Вардар, а воедно е и асистент на Раул Гонзалез во репрезентацијата на Македонија.

Парондо пристигна во Македонија минатата година откако Раул ја презеде репрезентацијата. Потоа доби работа и во женскиот тим на Вардар, за да се адаптира побрзо на работата во клубот. Сезонава со Дибирова имаат импресивни резултати бидејќи се без пораз во сите натпреварувања.

 

 

 

 

 

30.01.2018 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега