Четириесет дечиња од СОС Детско село ја прошетаа Италија
Четириесет деца од СОС Детско село летуваа во летниот камп Калдонацо, Италија, каде што ја претставија Македонија како земја на мир, љубов и пријателство.
Децата имаа можност да бидат дел од сите интерактивни и спортски активности кои се случуваа во кампот. Една од актвностите на децата беше да фантазираат и да претстават замислена земја.
- Децата од СОС Детско село Македонија, својата земја ја претставија како Каледонија, земја на мирот, љубовта и пријателството. На оваа презентација учесниците во камапот имаа можност да пробаат македонски специјалитети како ајвар и сирење, освежувања, сокчиња и слично додека возрасните имаа можност да пробаат македонско кафе. Се делеа бесплатни прегратки и сите учесници имаа можност да го потпишат манифестот за мир, љубов и пријателство, информира директоротката на СОС Детско село Македонија Јулијана Гапо.
Патувањето беше овозможено од ланецот продавници „Техномаркет“ и брендот Индесит.