Малолетник брутално избоден со нож - крвав инцидент го потресе скопско Студеничани

 

Вчера попладне околу 19.30 часот, 14 годишно момче од скопско Студеничани било пронајдено избодено со нож. Момчето, како што информираат од МВР, било пронајдено кај местото Ваков, во скопското село Студеничани.

Малолетникот бил пренесен во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Лекарите констатирале повеќе убоди во телото на момлето, во пределот на предниот и задниот дел на градниот кош, надлактици и врат,

Од скопската полиција велат дека веќе имаат осомничено лице за нападот. Најверојатно, како што информираат оттаму, станува збор за малолетник од Студеничани.

 

 

03.09.2013 - 10:28

најчитано сега