Две лица загинаа пет се повредени - „Голф“ „БМВ“ и „Тико“ се скршија кај Куманово
Рано утринава околу 5 часот, се случила страшна сообраќајна незгода на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, кај селото Страцин, во која загинале две лица, а пет се повредени.
Како што дознаваме, во сообраќајката учествувале „Голф“ со косовски регистарски таблички,„БМВ“ со бугарски таблички и „Тико“ со кумановски регистрации.
Во несреќата загинале две лица, а пет се повредени. Се врши увид на местото на несреќата.
03.09.2013 - 09:39