Со камења и палки му го искршиле и коленото и „БМВ“-то - трауматична ноќ за дечко и девојка од Скопје
26 годишниот скопјанец М.Г. и неговата 20 годишна девојка ноќта во саботата доживеале вистинска траума.
Боќта околу 2 часот, додека со нивното возило „БМВ“ возеле на патот за село Кучевиште, биле пресретнати од поголема група непознати лица, кои со две возила им го попречиле патот и со безбол палки и камења фрлале кон автомобилот на М.Г.
Младиот скопјанец заработил тешка повреда на левото колено и откако успеал да им избега на насилниците, му била укажана помош во скопскиот Ургентен центар. Тој бил задржан на понатамошно лекување.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.
02.09.2013 - 13:45