Видео: Реал ја покажа исекотината на лицето која Роналдо ја „заработи“
Телевизискиот канал на Реал Мадрид, објави снимка од соблекувалната на „Кралевите” и ја покажа исекотината на лицето која ја заработи Кристијано Роналдо на вчерашната средба со Депортиво Ла Коруња.
Роналдо не го дочека крајот на пресметката со Депортиво, Шар со копачка во лице го закачи Португалецот во 84. минута, кога ѕвездата на Реал Мадрид реагираше извонредно и по втор пат ја затресе мрежата на гостите.
Лекарскиот тим на „Кралевите“ не можеше да го сопре крварењето на неговото лице, па играчот веднаш се упати во соблекувалната.
Шпанските медиуми сега објавија видео на кое убаво се гледа каква исекотина заработил ЦР7, за која биле потребни три конци за да се сошие раната.
Во меѓувреме, Роналдо се појави на денешниот тренинг со помодрено око.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа