Ѓоковиќ: Болката е фрустрирачка, не знам што ќе биде со лактот

 

Младиот тенисер од Јужна Кореја од страна на експертите на големо се споредува со Ѓоковиќ поради сличниот стил на игра, а денеска Чунг покажа навистина големо знаење и истрајност во жестоката битка која траеше три ипол часа. Чунг ги доби сите три сета во самата завршница (7:6, 7:5 и 7:6), и на тој начин испиша историја бидејќи стана првиот Кореец кој се пласирал во едно четвртфинале на грен слем турнир.

По крајот на мечот, Новак му честиташе на Чунг за победата на прес-конференцијата, но исто така ги загрижи своите фанови поради состојбата на неговиот лакт.

– Секоја чест за Чунг, тој имаше неверојатна партија, беше подобар и ја заслужи победата. Секогаш кога беше во неволј, пронаоѓаше импресивен удар. Едноставно беше како ѕид, – порача Ноле кој во продолжение призна дека повторно почувствувал болки во повредениот лакт поради кој паузираше повеќе од шест месеци.

– На крајот на првиот сет, лактот почна повеќе да ме боли. Се борев и со тоа до самиот крај на мечот. Нивото на болка не беше такво да го прекинам мечот, но секако влијаеше на мојот сервис. Тоа секако влијаеше и беше многу важно, пред се поради тоа што Чунг има феноменален ритерн. Не знам кои ќе бидат следните чекори во однос со лактот, ќе мора да се консултирам со мојот тим и да донесеме одлука. Не знам дали ќе морам повторно да паузирам, ќе морам одново на снимање. Благодарен сум што воопшто заиграв. Болката е фрустрирачка, но такви се околностите и морам да ги прифатам, – заврши Србинот.

 

 

 

22.01.2018 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега