Тетово: Тргнал во кафана го нашле во локва крв среде улица

 

40 годишниот Ж.Г., од селото Брвеница вчера вечерта бил забележан како облеан во крв лежи пред кафеана на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово.

Откако случаен минувач пријавил во полиција дека маж облеан во крв лежи среде улица, Ж.Г. бил пренесен во тетовската болница а потоа во скопскиот Клинички центар. Ж.Г. имал тешки телесни повреди, расекотина на левата рака, нанесена со остар предмет. 

Неофицијално, тетовчанецот бил во кафеанта со уште едно лице, со кое седеле на терасата. Им се доближиле две непознати лица и меѓу нив настанала расправија а потоа и тепачка.

Полицијата извршила увид на местото каде лежел тетовчанецот и се работи на расветлување на случајот.

02.09.2013 - 11:58

најчитано сега