Телото на мртвиот сопруг се распаѓало до неа а не можела да побара помош - вистински хорор во дом на двајца битолчани

 

45 годишниот Насто Л. од битолско Ношпал вчера бил пронајден мртов во семејната куќа.

 

Телото на битолчанецот било пронајдено вчера околу 13:30 часот, во фаза на распаѓање. Тој во куќата живеел со неговата сопруга, која е целосно неподвижна и не можела да побара помош.

Агонијата која со денови ја преживувала сопругата на НАсто, била страотна. Таа седела до мртвото тело на нејзиниот сопруг, но, не можела да побара помош од никого.

Телото на битолчанецот е предадено на обдукција.

 

02.09.2013 - 11:14

најчитано сега