УС Опен: Ѓоковиќ, Мареј и Бердих ги совладаа своите противници
Фаворитите Новак Ѓоковиќ (Србија), Енди Мареј (Велика Британија) и Томаш Бердих (Чешка) со убедливи 3:0 во сетови ги совладаа своите противници во 3.коло од тенискиот УС Опен.
Во осминафиналето на Отвореното првенство на САД, Ѓоковиќ се пласира преку победата над Жоао Соуса (Португалија) со 6:0, 6:2 и 6:2 остварена ноќеска за еден час и 40 минути игра. Португалецот немаше сили за посериозен отпор против првиот светски рекет.
Претходно пласман помеѓу најдобрите 16 на Грен Слемот во Њујорк забележа и Мареј, откако го победи Флориан Мајер (Германија) со 7:6, 6:2 и 6:2.
Во 4.коло се пласира и Бердих кој го совлада Жан Бенетоа (Франција) со 6:0, 6:3 и 6:2.
02.09.2013 - 09:57