Драма во Гостивар: Врзани со ремен и марами го гледале хоророт во нивниот дом

 

 

Брачен пар од гостиварското село Долна Бањица синоќа е ограбен од вооружени лица. Разбојниците зеле пари и предмети во вредност од речиси 15.000 евра.

Според СВР Тетово, во периодот од 22 до 23.40 часот, две лица маскирани со „фантомки“ и вооружени со автоматска пушка и нож, влегле во домот на А.А. (69) во Долна Бањица. За кусо време ги совладале А.А. и неговата сопруга Н.А. (66), по што ги врзале со кожен ремен и марами. Почнале да ја пребаруваат куќата и одзеле 13 илјади евра, 300 американски долари, еден лап-топ, мобилен телефон и десетина парчиња златен накит.

Домаќинот по некое време успеал да се ослободи и го повикал соседот на помош, а тој ја повикал полицијата.

Екипа на СВР Тетово изврши увид на местото на разбојништвото и презема мерки за негово расветлување. 

01.09.2013 - 11:14

најчитано сега