Сончев и пријатен ден

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Преку денот ќе дува умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од седум до 19, а дневната до 24 до 32 степена.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно, суво и пријатно време без поголема промена на температурата.

Во понеделник се очекува зголемување на облачноста со локален дожд, а кон крајот на денот од север ќе се спушта постуден воздух проследен со засилување на ветерот и опаѓање на температурата за неколку степени. 

31.08.2013 - 09:57

најчитано сега