Борозан се огласи по сообраќајната несреќа: Ја имав најдобрата година во животот, а сега ова

 

Вуко Борозан синоќа доживеа сообраќајна несреќа во близина на Цетиње, а денеска за првпат се огласи за црногорските медиуми, истакнувајќи дека има причина да биде среќен и загрижен.

Тој ја доби наградата за најдобар спортист на Црна Гора во 2017. година, само неколку часа откако беше повреден во сообраќајна несреќа, поради која може да го пропушти Европското првенство.

„Ова сигурно е мојата најдрага награда во најдобрата година во мојот живот. Покрај добрите резултати со Вардар и репрезентацијата, неодамна и се оженив, па ова е најубавиот подарок за мојата венчавка“, изјави Борозан примајќи ја наградата и притоа нагласувајќи дека ќе биде уште подобар во годините кои следуваат.

На прашањето како се чувствува по несреќата, Борозан истакна: „Подобро, подобро сум денеска“.

Сепак, неизвесно е дали ќе биде подготвен за настап на Европското првенство во Хрватска каде неговата Црна Гора треба да ги одмери силите со Македонија во групната фаза.

„Ја имав најдобрата година, а сега ќе морам да паузирам три недели. Ќе видиме после тоа каква ќе биде ситуацијата“, изјави Борозан.

 

 

 

21.12.2017 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега