За секое новороденче по 7.000 денари

На седницата на Советот на општина Неготино која се одржа попладнето советниците ја изгласаа одлуката според која,почнувајќи од септември секоја мајка од Неготино за своето новороденче ќе добие по 7.000 денари. Советниците практично го поддржаа предлогот на неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов. 

- Како локална самоуправа ја следиме владината позитивна популациона политика која позитивно влијае врз македонските семејства и решивме и ние како општина да дејствуваме стимулативно за зголемување на бројот на новороденчиња во општината и државата. Се надеваме дека ќе придонесеме за зголемување на наталитетот кој за жал е во опаѓање, рече Апостолов на прес-конференција.

Во Неготино годишно се раѓаат по околу 250 новороденчиња, па сумата која треба да се издвои за нив е околу 20 илјади евра, што според градоначалникот, нема многу да ја чини општината

30.08.2013 - 22:15

најчитано сега