ВИДЕО: Запознајте го највеселиот гинеколог на светот
Секоја бремена жена дефинитивно би посакала да ја породи докторот Кери Д. Ендрју Џаја, кој работи во породувалиштето на болницата во американскиот град Питсбург. Причина за тоа е што овој доктор на секое бебе које пристигнува на овој свет, му ја пее песната „Среќен роденден“.
До сега породил околу стотици бебиња, а понекогаш на новороденчињата им ја пее и песната од Луј Армстронг „Како е убав светот“.
- Кога им пејам на тие бебиња, пејам за иднината на важните лица. Тие се преубаво чудо на животот и треба да се слави тој момент, рече лекарот, кој оваа традиција на пеење ја презел уште кога бил млад доктор од неговиот ментор.
Неговото животно мото е: При секоја нова средба би требало да имате насмевка на лицето и песна во вашето срце.
30.08.2013 - 12:33