Во тепачката на белградското дерби повредени дваесетина лица - татко со синот на раменици бегал од хулиганите

 

Во големата тепачка што се случи синоќа на фудбалски натпревар меѓу Партизан и Црвената ѕвезда во Белград повреди се околу 20 лица.

Еден од повредените е транспортирано во свесна состојба со повреди на главата на Одделот за неврохирургија при Воено-медицинската академија, пренесува српската новинска агенцијата „Танјуг“.

На лице место интервенирале девет екипи на Итната помош, од нив четири биле присутни на натпреварот, а пет дополнително испратени.

Фановите на Партизан се судрија меѓусебно на јужната трибина на стадионот во „Хумска“ во текот на првото полувреме од 156. вечно дерби. Во неколку минутната тепачка беа користени и фекели па дел од повредените имаат и изгореници.

 

 

 

14.12.2017 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега