Во понеделник прва седница на работното тело за 24 декември

Во понеделник претседателот на работното тело кое треба да ги имплементира препораките од Извештајот за 24 декември, Илија Димовски ќе ја закаже првата седница, јавува Maxim повикувајќи се на партиски извори. Според нашите информации, Димовски во текот на денешниот ден ќе се координира со претставниците на политчките партии по што се очекува, наредната недела, телото да стартува со работа. 
На вчерашната координација кај спикерот Вељаноски падна договор, покрај Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во работното тело да членува и Благородна Дулиќ. Претставници на СДСМ се Игор Ивановски и Цветанка Иванова, додека ДУИ ја претставува Неџати Јакупи. Шестото место е резервирано за претставник на ДПА, но опозициската албанска партија ја бојкотираше вчерашната координација, а најави и бојкот на работното тело, бидејќи како што изјави вчера пратеникот Имер Алиу, случувањата околу 24 декември, за нив се обична фарса.

30.08.2013 - 10:59
Фото: 
МИА

најчитано сега