Меси: Се повлекуваме од репрезентацијата во случај на неуспех на СП
Лионел Меси најави негово и на уште неколку други фудбалери повлекување од аргентинската репрезентација во случај на неуспех на Светското првенство во Русија.
– Ако одиграме лошо првенство сите треба да се повлечеме. Не е можно останување ако се случи такво нешто, изјави Меси.
Тој минатата година по поразот на пенали во финалето на Копа Америка од Чиле решил да се повлече од тимот поради бројните критики од јавноста упатени на негова адреса, но подоцна се премисли.
Меси и другите играчи од репрезентацијата следната година во Русија ќе се обидат да направи чекор напред во однос на последниот Мундијал, кога го загубија финалето од Германија по продолженија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа