Време: Се будиме на само 8 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Само во северните делови повремено ќе има зголемување на облачноста, ќе дува слаб, а долж Повардарието и во источните делови умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена, а повремено и значителна облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 28 степени.

30.08.2013 - 00:45

најчитано сега