Канељас останува во Вардар и следната сезона

 

Шпанскиот репрезентативец Жоан Канељас потврди дека и следната сезона ќе биде дел од актуелниот европски ракометен првак Вардар. 

Во интервјуто за спортскиот портал „g-sport“, искусниот шпански ракометар потврдил дека ќе го испрочитува договорот со Вардар кој е со важност за уште една година. 

- Моите планови се врзани со Вардар, имам уште една година од договорот и засега е тоа. Ќе видиме како ќе се одвива целата работа, првенствено кој ќе биде тренер на тимот. За мене е тоа е исклучително важно, изјавил Канељас. 
 
Ова е добра вест за навивачите на македонскиот и европски шампион, особено по неколкуте најавени заминувања на играчи од црвено-црниот табор. 
 
Во однос на утрешниот последен меч во Лигата на шампионите за оваа календарска година, во кој Вардар го пречекува шведскиот Кристијанштад, тој верува дека Вардар ќе остане непоразен. 
 
- Мораме да победиме на сите натпревари што ги играме дома. Засега сме во добра позиција, но не смееме да ’киснеме’ на домашен терен и да и дадеме шанса на Барселона или пак на некој друг тим да не стигне, нагласил Кањељас.
 
Дуелот меѓу Вардар и Кристијанштад ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17 часот и 30 минути
 

 

 

01.12.2017 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега