Вардарци донираа книги на нашинците во Хрватска

 

Европскиот ракометен шампион Вардар ја исполни својата цел, па на македонската заедница која живее во Нашице, Хрватска и донира 265 книги.

Вардарци изминатиот период спроведоа акција за собирање и донација на македонски книги и не вчерашното гостување во Нашице во дуелот против Нексе од регионалната СЕХА лига, беа донирани 265 книги на македонски јазик, како добра соработка меѓу хрватската и македонската заедница во овој град.

-Ние со РК Нексе имаме одлични односи. Нивната идеја веднаш ја прифативме, па со акцијата собравме над 260 книги од македонски и странски автори, но сите напишани на македонски јазик, кои ги дониравме во градската библиотека во Нашице. Се надеваме дека со ова ќе придонесеме за Македонците кои живеат во овој регион и дека ќе дојдат и ќе прочитаат некоја од овие прекрасни книги, изјави Марко Савовски директорот на РК Вардар.

 

 

 

29.11.2017 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега