Вардар гостува кај Нексе во дуел од СЕХА лигата
Шампионот на СЕХА лигата Вардар по дуелот со германскиот шампион Рајн Некар Ловен вчера во Лигата на шампионите веќе утре го очекува нов предизвик, гостувањето кај хрватскиот тим Нексе во дуел од СЕХА лигата.
Вардар оваа сезона во СЕХА лигата е лидер и има максимален учинок седум победи, додека Нексе се наоѓа на осмото место со пет бодови и само една победа. „Црвено-црните“ фаворитската улога ја имаат и на овој натпревар.
– По натпреварот во Германија против Рајн Некар Ловен, следуваат дуелите и во СЕХА лигата. Нашата цел е јасна сакаме да го задржиме првото место. Нема да имаме многу време за подготовки за овој дуел, а ќе играме против еден силен и квалитетен состав. Верувам дека ќе продолжиме со добрите игри во ова натпреварување, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.
Дуелот Нексе – Вардар се игра утре со почеток во 19 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа