Македонија се враќа со победа од Словачка

 

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги почна претквалификациите за Европското првенство 2021 година.

На гостувањето во Словачка избраниците на селекторот Јорданчо Давитков го победија домаќинот со 74:66 (23:22; 21:8; 15:13 и 15:23).

Македонските кошаркари по изедначената прва четвртина во вториот период одиграа одлично во одбраната и примија само осум поени, па на полувреме водеа со 44:30.

Предноста по 30 минути беше зголемена на 59:43, но на почетокот на последниот период Словачка ја врати неизвесноста откако направи серија од 12-0. Македонија по дури четири минути игра во четвртата четвртина ги постигна првите поени.Во завршницата на дуелот нашата селекција повторно имаше двоцифрена предност (70:58).

Најдобар во македонската репрезентација беше Ричард Хендрикс со 21 поен и 14 скокови, а капитенот Војдан Стојановски постигна 20 поени.

Следниот натпревар од групата Б Македонија го игра на домашен терен во недела (26 ноември) против селекцијата на Швајцарија.

 

 

 

23.11.2017 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега