Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид осудена на 9 години затвор
Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Милан, Робињо денес беше осуден на 9 години затвор поради сексуално малтретирање.
Бразилецот беше обвинет за сексуално насилство кое го извршил во 2013 година додека играше за Милан , 22-годишна девојка од албанско национално потекло го обвини Робињо дека заедно со уште петмина друго сексуално ја злоставувал.
Денес судот во Милано го прогласи фудбалерот за винаовен и го осуди на 9 години затвор, пренесува „Спортмедиасет“.
Робињо се уште е активен фудбалер и моментално настапува во дресот на Атлетико Минеиро во својата татковина.
23.11.2017 - 18:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа