Браво: Голем скок на Македонија на ФИФА ранг листата

 

Македонската Сениорска фудбалска репрезентација го има најдобриот пласман во последните три години на ФИФА ранг листата. Импресивен скок бележи Националниот тим, кој за само седум месеци напредуваше дури 90 позиции.

Македонија напредуваше за девет нови позиции на ноемвриското ФИФА рангирање и дефинитивно 2017-та година ќе ја заврши на одличното 76-то место.

„Црвено-жолтите“ за само седум месеци од 166-тата успеаја да напредуваат веќе 90 позиции, што претставува импресивен напредок во една календарска година.

Најновиот скок на Македонија сега и до донесе најдобриот пласман во последните три години, затоа што последен пат на оваа позиција биле во август 2014 година. Овој успех се должи на одличните резултати, односно петте победи, трите нерешени и само еден пораз оваа година. Најдобриот пласман во историјата е 46-тото место во 2008-та, со селекторот Среќко Катанец.

На врвот нема помени во ТОП 5. Германија е пред Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија, следат Шпанија (скок од две позиции), Полска (пад од едно место), Швајцарија (напредок за три места), Франција (пад за две места) и Чиле (пад за една позиција).

 

 

 

23.11.2017 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега