Бакнеж вреден 60.000 евра (видео)
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Олимпијакос со 60.000 евра. Причината за ова е еден од навивачите на тимот на Пиреа кој го прегрна и го бакнa Меси во близина на корнер знаменцето.
Во финишот друг фан на Олимпијакос му се доближи на Меси и сакаше да направи селфи со него, а сметка за тоа УЕФА му ја достави на грчкиот клуб.
Казната за „црвено-белите“ е и за недозволени скандирања и користење ласери.
Олимпијакос и Барселона играа на 31 октомври во Атина, мечот заврши 0:0.
22.11.2017 - 10:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа