Вардар постави рекор во СЕХА - лигата

 

Победничката серија на Вардар во СЕХА-лигата вчера продолжи со натпреварот против Динамо од Панчево На оваа средба екипата на Вардар дојде до триумф од 42:32, а тоа беше седми меч сезонава на кој „црвено-црните“ успеваат да стигнат до победа во Регионалната лига- пишува Спорт.мк

Сепак, серијата на Вардар не е само од оваа сезона. Актуелниот првак во СЕХА вчера ја забележа вкупно 13. победа по ред во регионалното натпреварување со што ја има најдолгата победничка серија и ова е бројка која засега фигурира како рекорд.

„Динамо одигра добра средба, а ние се соочивме со проблеми. Сепак, имавме контрола на резултатот. Во првиот дел имавме одредени потешкотии. Не одигравме најдобро. Второто полувреме беше далеку подобро. Бевме подобри во одбраната, а нашиот противник делуваше заморено, па го искористивме тоа. Според тоа како се одвиваа работите мислам дека реално на крајот требаше да биде три или четири гола разлика“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалез после рекордната победа во серија во СЕХА.

 

 

 

16.11.2017 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега