Ауеро се онесвестил во соблекувалната и итно е префрлен во болница
На пријателскиот натпревар помеѓу Аргентина и Нигерија се случи непријатен момент, Серхио Агуеро се онесвестил на полувремето во соблекувалната по што веднаш бил префрлен во болница.
Аргентина на полувремето водеше со 2-1, еден од стрелците беше и Агуеро. Но во второто полувреме Нигеријците погодија три пати и победија со 4-2.
Агуеро не се појави на теренот во вториот дел, напаѓачот на Сити се онесвестил во соблекувалната и бил префрлен во болница.
„Имаше главоболка и мораше да замине“ - изјави селекторот Жорге Сампаоли.
Очигледно на Аргентинците не им било до фудбал во второто полувреме по она што се случило во соблекувалната во вториот дел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа