Буфон го расплака светот: Касилјас со емотивна порака (фото)

 

Џанлуиџи Буфон со многу емоции и растреперен глас го даде своето последно интервју како член на италијанската фудбалска репрезентација, а за негова несреќа, судбината посака тоа да биде на натпревар кој се истакнува како најголемо разочарување во новата историја на фудбалот во Италија.

Искрените солзи на Буфон и неговото збогување од селекцијата не оставија никого рамнодушен на Апенините, а истото важи и за Икер Касилјас кој добро познато е колку го почитува Џиџи и колку добри пријатели се со голманот на Јувентус.

– Воопшто не ми се допаѓа да те гледам вака! Сакам да те гледам како и досега, како тоа што си за многумина: Една големан ЛЕГЕНДА. Горд сум што те запознав и горд сум што те имав за противник многупати. Се уште треба да не радуваш во фудбалот, пријателу!, – гласи емотивната порака на Касилјас која е проследена со хаштагот „број еден“.

А освен фудбалерот со емотивна порака пензионирањето од репрезентацијата му го честиташе и матичниот клуб на голманот Јувентус.

-Сите „Бјанконери“ се со тебе. Ти си гордоста на оваа нација и најдобриот голман на светот, напиша Јувентус.

 

 

 

 

 

14.11.2017 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега