Пролонгиран рокот за поднесување барања за субвенции

 

Рокот за поднесување барања за субвенции што требаше да заврши на 30-ти овој месец, се пролонгира до 31 октомври, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

- Продолжениот рок за аплицирање ќе придонесе за целосен опфат на земјоделските стопанства во процесот на поднесување барања. Доколку некое земјоделско стопанство не го остварило правото на директни плаќања по поднесено барање во 2012 година поради подмирување на овие обврски со задоцнување, ќе може да го оствари оваа година со поднесување посебно барање кое може да се подигне во подрачните единици на Министерството, стои во соопштението.

МЗШВ ги потсетува сите земјоделски стопанства, баратели на субвенции, дека рокот за подмирување на обврските по основ на воден надомест и надомест за користење пасишта истекува на 31.10.2013 година.

28.08.2013 - 10:54

најчитано сега