„Црвено - црните“ со победа над Кристијанштад

 

Актуелниот македонски и европски првак Вардар продолжува со победите во Лигата на шампионите.

Вечерва вардарци славеа тиумф на гостувањето во Шведска кај Кристијанштад со 26-23 полувреме 15-10.

Иако вардарци лошо го отворија мечот и во 6.минута губеа со три гола разлика (2-5), сепак во продолжението направија серијата 7-1 па во 17.минута водеа со три гола (9-6), а на полувремето црвено-црните заминаа со пет гола предност (15-10).

Во второто полувреме избраниците на Раул Гонзалез рутинирано ја одржуваа предноста се до финишот на мечот кога беше јасно дека ќе остварат нова победа па шветскиот првак само го ублажи поразот на три гола (26-23).

Уште еднаш на голот одличен беше Арпад Штербик кој забележа 17 одбрани, додека во нападот Борозан,Кристопанс и Дибиров постигнаа по 7 гола.

Покрај овој меч денеска во А групата одигра и средбата Барселона – ППД Загреб која заврши со победа на шпанската екипа со 32-22.

На табелата лидер е Вардар со 11 бодови, пред Барселона која сега има 9, а по неа следуваат, Рајн Некар Левен 8, ПИК Сегед 7, Нант 5, ППД Загреб 2, Висла 1 и Кристијанштад 1.

Останатите натпревари од групата ќе се играат утре.

Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите Металург својот меч од оваа рунда ќе го одигра утре во СЦ „Борис Трајковски“ каде од 17 часот ќе го пречека составот на Чеховски Медведи.

 

 

 

05.11.2017 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега