Македонскиот репрезентативец: Се уште се плашам, во кафуле барам пред мене да го отворат сокот
После полни две години македонскиот репрезентативец Аријан Адеми му се врати на фудбалот, а во емисијата „Син кварт“ на службениот Јутјуб канал на Динамо Загреб, зборуваше за најтешките денови во кариерата.
-Позади мене е тешка борба, сега многу подобро се чувствувам и фала му на Бог што сум повторно на теренот. Дали сум земал допонг? Не сум, а тоа успеав да го докажам во подоцната постапка после што ми е намалена казната. Едноставно, се чекаше тој ЦАС, кој дозволи да ги изнесам своите докази, а тие видоа дека свесно ништо не сум земал. Станува збор за контаминација на лекови кои биле легални, кажа Аријан Адеми во новата емисија на „Син кварт“ на службениот канал на Јутјуб на Динамо и продолжи:
-Не знаеш како тоа влегло во твоето тело. Се сомневав во сите, пријателите, блиските… Ми беше тешко во тој период. Се сомневав дека некој ми подметнал. Не му веруваш на никого, ниту на семејството… Но верував дека тоа некако ќе мора да излезе, дека мора да се докаже како тоа влегло во моето тело. Бел лут, бесен, но покасно сфаќаш дека тоа е живот и продолжуваш понатаму. Многу ми помогна затоа што беше позади мене, кој ме плаќаше за двете години суспензија. Да ме оставеа сам, би ми било многу потешко, вели Адеми.
Иако ја одработи суспензијата, Адеми и денес е многу внимателен.
-И понатаму имам трауми, се плашам од се, пазам на се. Во кафулињата барам пред мене да ми отворат сок. Можеби тоа е преголема фобија, но се надевам дека со време и тоа ќе помине, изјави Адеми.
Заменик капитенот на Динамо на теренот се врати после двегодишна суспензија поради допинг, а веќе во првите натпревари се виде колку тој фалел во хрватскиот великан. Но, иако на неговата среќа и нема крај последниве денови, тој за последните две години размислува цело време. Ниту на него се уште не му е јасно како и зошто паднал на контролата.
-Бев во репрезентацијата кога ми се јавија. Се сеќавам дека спиев во соба со цимерот на припремите кога ми се јавија на телефон, се јави мојот цимер и ми кажа итно те бараат претседателот на федерацијата и тренерот во дворот. Не мислев дека е нешто негативно. Во тој период одлично ми одеше во клубот, па мислев дека можеби станува збор за трансфер или нешто слично. Кога стигнав доле селекторот ми кажа дека морам итно во Загреб, затоа што сум паднал на допинг контрола. Не сфатив за што станува збор… Едноставно одвратно, вели Адеми.
-Најмногу ме убиваше што на никого на почетокот не можев да му докажам дека не сум земал ништо. Некое задоволство ми е сега што сепак тоа го докажав, дека ништо забрането не сум земал свесно во своето тело. Ми се чини дека тоа не остави дамка на моето име во јавноста.
Иако му забраниле да се занимава со фудбал, Адеми во двегодишната пауза тренираше секојдневно.
-Цело време се занимавав со спорт. Играв тенис, некогаш шест, седум часа дневно. Почнав да се занимавам со падел, а трениран и кик-бокс. Морав да останам во форма. Но, тоа сега позади мене и пресреќен сум што можам да се занимавам со фудбал, раскажува македонскиот репрезентативец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа