Раул: Останувам селектор на Македонија, среќен сум што одам во ПСЖ

 

По четири сезони минати во Вардар, шпанскиот тренер Раул ќе го напушти македонскиот и европски првак и во следните три сезони ќе биде на клупата на ПСЖ. Истовремено покрај тренерската функција во „црвено-црниот“ тим, тој стана и селектор на Македонија и ја однесе на континенталниот шампионат.

Иако многумина го протолкуваа заминувањето од Вардар, како заминување и од селекторската функција, сепак Раул демантира.

„Договорот е да ги комбинирам двете функции. Имам договор  со РФМ како предводник на Македонија до 2020 година и планирам максимално да го испочитувам.“ – изјави Гонзалес за француските медиуми.

Македонија ја чека настапот на Европското првенство во група со Словенија, Германија и Црна Гора на почетокот на следната година.

„Париз е прекрасен град, но мој приоритет е ракометот. Среќен сум што од следната сезона ќе бидам  во ПСЖ, но од почит кон Вардар и кон стручниот штаб што е во моментов во ПСЖ, не би говорел премногу на оваа тема. Ќе имам можност да кажам нешто повеќе при моето доаѓање за неколку седмици“ – ја најави Гонзалес својата промоција во „градот на светлината“.

 

 

 

 

 

02.11.2017 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега