Јаневски: Со добра организација и добра желба можеме да го поправиме впечатокот од првиот натпревар

 

Македонскиот шампион Вардар го одреботи единствениот тренинг на стадионот „Аноета“ каде утревечер ќе го игра четвртиот натпревар во групната фаза во Лига Европа.

Вардарци во мечот од 4. коло на групата „Л“ против Реал Сосиедад ќе се обидат да го освојат првиот бод, иако шансите за тоа се мали, особено имајќи го во предвид убедливиот пораз на првиот меѓуисебен дуел во Скопје кој шпанскиот тим го доби со убедливо 6:0.

 

Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски на вообичаената прес-конференцијата, а пред тренингот ги искажа очекувањата.

-Не чека тешко гостување, знаеме за каков тим се работи, но треба да гледаме како ние ќе играме на овој меч. Со добра организација и добра желба, може да дојдеме до добар и позитивен резултат. Сакаме лошиот впечаток што го направивме дома со Сосиедад, кој за мене не го покажува вистинскиот квалитет, да го поправиме, изјави Јаневски.

Утрешниот дуел меѓу Реал Сосиедад и Вардар ќе се игра во терминот од 21 часот и 5 минути, а во вториот меч од групата ќе играат Зенит и Розенборг.

По трите порази Вардар е последен на табелата без освоен бод, додека Сосиедад е на 2.место со 6 бода, три помалку од лидерот Зенит.

 

 

 

01.11.2017 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега