Иванов го честита Успение на Пресвета Богородица - поминете го празникот во спокој и хармонија

 

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица-Голема Богородица, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска испрати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни верници.

- Ви посакувам празникот кој го слави денот на радосното преселување на Божјата мајка на небото, да го поминете во спокој и хармонија, опкружени од своите најблиски и исполнети со радост. Нашиот народ со големо возљубение и почит, отсекогаш ја имал Богородица како своја заштитница, молитвеница и закрилница на сите христијани. Овој голем ден е уште една прилика да ги потврдиме во себе начелата кои го водат нашиот живот и примерите на добро на кои нè упати Пресвета Богородица. Да живееме сакајќи ги нашите најблиски и градејќи почит кон своите родители, и разбирање и љубов кон своите деца, се вели во честитката.

27.08.2013 - 15:30

најчитано сега