Само за Северина знаел што да каже - Заев најневажен на состаноците на ад-хок Комисијата

Новиот претседател на СДСМ, Зоран Заев мандатот го започна со низа гафови искажани на јавни настапи, интервјуа во медиуми, па дури и во сопствена колумна во Утрински весник. Ништо подобро Заев не се снајде ниту на состаноците на Комисијата за 24-ти декември, каде според наши извори, после разговорт за Северина на почетокот, Заев бил најмаргинален играч на масата, пушува Курир.

Според извори на Курир, Заев се јавил само во три прилики за време на заседавањето на Комисијата, доколку не се смета разговорот за Северина кога се пофали дека градот заработил од гостувањето на хрватската ѕвезда.

При неговото прво обраќање, според нашите извори во Комсијата, никој не го разбрал новиот лидер на СДСМ што сака да каже, по што членовите на Комисијата меѓусебно се прашувале која била поентата на струмичкиот градоначаланик.

Во втората прилика, Заев се обидел да  им стави да знаење на присутните дека тој е посилен од поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, па се пофалил дека 24-ти декември никогаш не го спомнал во кампањата, а сепак успеал да победи на локалните избори.

При овие негови зборови иако тој добил знаци дека ваквите ставови можат да стигнат до стариот лидер на СДСМ преку неговата блиска соработничка Рената Дескоска, сепак Заев не сфатил за што станува збор и продолжил со фалењето дека тој за разлика од Црвенковски не го искористил фамозниот 24-ти декември во кампањата, а сепак успеал да победи.

Третото јавување на Заев пред присутните во Комисијата било повеќе од симболично, користејќи ги зборовите „треба да си простиме“, велат нашите извори.

Тоа било се’ од новиот претседател на СДСМ. Заев останал без зборови кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му кажал „знаеш ти што се договоривме, јас, ти и Борче Давитковски“ во смисла да нема правни квалификации.

Покрај ова, новиот претседател на СДСМ во најважниот дел од преговорите дошол до вратата на неколку метри од преговарачите и излегол, оставајќи ја неговата заменичка Радмила Шекеринска да преговара. Наместо тоа, Заев се одлучил да ги почести новинарите кафе и сок, на само неколку метри од важниот состанок, без да се уважи да влезе таму и да помогне да се решат несогласувањата. 

27.08.2013 - 13:29

најчитано сега