Рамо до рамо со Роналдо: Светот одлепи по холанѓанката која е најдобрата фудбалерка за 2017 (видео)
Лике Мартенс е избрана за најдобра фудбалерка на светот за 2017 година. Холанѓанката, која игра во Барселона веднаш панда во окото на милиони мажи ширум светот кои не престануваат да праќаат комплименти.
Најдобрите фудбалери и фудбалерки се собраа во Лондон на доделувањето на наградите на Фифа „The Best“, каде во машка конкуренција победи Кристијано Роналдо, додека во женска конкуренција со наградата се закити Холанѓанката Лике Мартенс.
Фудбалерката на Барселона оваа година со Барселона го освои Европското првенство, а освен фудбалското знаење, сите ги воодушеви со својата убавина и едноставност…
-Со Барселона се поистоветував поради стилот на игра. За на Холанѓаните, Барса има посебно место, уште од Кројф. Најдраг играч ми е Роналдињо и пробувам да ги копиран неговите трикови, кажа таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа