Мекејлеб се враќа во Македонија

 

Поранешната прва ѕвезда на македонската кошаркарска репрезентација, Лестер Бо Мекејлеб се уште е без клуб, но како што сега стојат работите наскоро би можел да се врати на паркетот.

Мекејлеб минатата сезона ја помина во дресот на Гран Канари, а според последните информации тој наскоро би можел да го облече дресот на Болктехна од Гевгелија, пренесува весникот „Спорт“.

 

Боктехна во новата сезона има големи амбиции, а тоа го покажа и со доведувањето на Марко Дујковиќ кој минатата сезона настапуваше за Металац.

Човекот кој беше предвник на најголемиот успех на македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во Литванија во својата кариера настапуваше уште за Мерсин, Монтепаски, Партизан, Фенербахче, Баерн и Лимож.

 

 

 

20.10.2017 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега