ВИДЕО: Уште едно уникатно и романтично запросување на плоштад "Македонија"

Вчера на скопскиот плоштад се случило уште едно романтичното запросување кое покажа дека вистинската љубов не познава граници.

Порталот Курир пренесува дека Тане пристигнал директно од Мајами во Скопје за да ја запроси својата девојка Даниела.

Другарките на Даниела, пренесува порталот, ја “излажаа“ дека ја носат на модна ревија, додека другарите му помогнаа на Тане да го организира ова  оригинално запросување. 

На големиот видео бим на плоштадот „Македонија“, прво бил пуштен видео записот од омилената песна на Даниела, за веднаш потоа да се појави ликот на Тане, кој испрати поздрав до својата сакана од најубавата плажа во Мајами. Но, изненадувањата за Даниела не завршија тука.

Откако ја поздрави Даниела од плажата во Мајами, Тане се појави на пајтон на скопскиот плоштад "Македонија", каде ја побара за сопруга својата сакана. Даниела не можеше да го сокрие шокот, одговори со "ДА!" и го прегрна својот иден сопруг. Погледнете!

ФОТО и ВИДЕО: Курир

најчитано сега