Уште еден Македонец се врати бесен од Грција - насилниците “се истуриле“ на неговото „Пежо“

Македонската гранична полиција евидентираше нов случај на оштетување на возило пријавен од страна на македонски државјанин кој престојувал во Грција, со што бројот на вакви инциденти летово се искачина 57.

Имено, вчера на Граничниот премин “Богородица“, Д.А. од  Виница, кој управувал со патничко моторно возило “Пежо”, со струмички регистарски ознаки, пријавил дека во местото Калитеа му била изгребана левата страна од возилото по целата должина. Оштетувањето не било пријавено во грчката полиција.

Со овој новорегистриран случај, во изминатиот период од страна  на нашата гранична полиција биле регистрирани вкупно 57 оштетувања на возила и одземања на регистарски ознаки. Од пријавените оштетувања од страна на македонските државјани, 40 се кражби на регистарски таблички, од кои во 28 случаи на возилата им биле украдени обете таблички. Во однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега порасна на 17 случаи.

Од сите случаи, 36 биле пријавени и на грчката полиција ,но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Бројот на лица од Скопје кои пријавиле кражба на регистарски таблички или оштетување на моторно возило и натаму предничи и изнесува 30, а останатите пријави се на лица од други места од државава.

26.08.2013 - 14:42

најчитано сега